Ако барате добар телефон за разумна цена, овие два модели вреди да ги погледнете

Купувањето нов телефон денес лесно може да се претвори во бескрајно споредување. Еден модел има подобра камера, друг поголема батерија, трет побрз процесор, а цените често растат многу побрзо од реалната разлика во секојдневното користење. Затоа сè повеќе корисници бараат нешто поедноставно: Телефон што е брз, има добра батерија, квалитетен екран, солидна камера и не бара буџет како за flagship модел.
Фото: Xiaomi

Токму во тој простор добро се вклопуваат REDMI Note 17 Pro Max 5G и REDMI Note 17 Pro 5G.

И двата модели нудат комбинација што е тешко да се игнорира ако ви е важен добар баланс меѓу цена, перформанси и долгорочна употреба.

Ако батеријата ви е приоритет, Pro Max е логичниот избор

Фото: Xiaomi

Кај REDMI Note 17 Pro Max 5G, најголемиот адут е батеријата од 9.210 mAh. Со автономија до три дена, 100W HyperCharge и 27W реверзибилно полнење, ова е телефон што е создаден за луѓе кои не сакаат постојано да размислуваат каде им е полначот. Практично, тоа значи помалку полнење во текот на денот, повеќе слобода за работа, социјални мрежи, видеа, навигација и сè што вообичаено троши батерија. Дополнително, Pro Max доаѓа со голем 6,83-инчен 1.5K AMOLED дисплеј со 120Hz, Snapdragon 6 Gen 5, како и 50MP главна камера со OIS. Особен впечаток остава и дизајнот, особено кај Cloud Blush варијантата. Благодарение на фотохроматската завршница, задната страна ја менува нијансата на дневна сончева светлина, па телефонот добива поразличен и препознатлив изглед.

REDMI Note 17 Pro 5G е поразумната „златна средина“

Ако не ви е потребен максимумот што го нуди Pro Max, REDMI Note 17 Pro 5G е веројатно уште поинтересен избор. Со 8.340 mAh батерија, 67W HyperCharge и автономија подолга од два дена, и овој модел е далеку над просекот кога станува збор за секојдневна издржливост. Го добивате истиот голем AMOLED дисплеј, стабилни перформанси со Snapdragon 6s Gen 4, како и 50MP камера со OIS.

За најголем дел од корисниците, ова е токму онаа комбинација што има најмногу смисла: Доволно брз за работа и забава, доволно добар за фотографии и со батерија што не бара постојано внимание.

Фото: Xiaomi

И двата модели се направени за реално секојдневие

Она што ја прави оваа серија интересна не е само батеријата. И двата модели се создадени со силен фокус на издржливоста, со IP66/IP68 заштита од прашина и вода, Gorilla Glass Victus 2 и конструкција што е подготвена за многу повеќе од внимателно користење во идеални услови. Тоа е важно ако телефон ви е постојано во рака, на биро, во автомобил, на пат или сте во движење.

Добар избор за оние што сакаат многу, без премногу компромиси

REDMI Note 17 Pro Max 5G и REDMI Note 17 Pro 5G не се телефони што се обидуваат да победат во секоја можна категорија. И токму затоа се интересни.

Фото: Xiaomi

Нивната сила е во балансот: големи батерии, добри AMOLED екрани, стабилни перформанси, солидни камери и издржливост што има смисла на долг рок. Ако сакате телефон што ќе изгледа модерно, ќе работи стабилно и нема да ве натера да потрошите сума резервирана за premium модели, и двата уреди се многу добри кандидати.


Pro Max е изборот ако сакате повеќе автономија и посилно overall искуство. Pro 5G, пак, е веројатно попаметниот избор ако ви е најважен односот меѓу цена и тоа што реално го добивате. Во двата случаи, добивате телефон што нуди многу за вложените пари и токму затоа лесно може да се најде високо на листата за следен smartphone.

е-Трн да боцка во твојот инбокс