Search

58. МТФ „Војдан Чернодрински“, Веселинов: од 60 јас на 100 изданија сум бил…

Со претставата „Иванов“ на Македонскиот народен театар, во режија на Зоја Бузалковска се одбележа втората вечер на 58-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Честа да се најде во улогата на Иванов, текст на А.П. Чехов, ја имаше актерот Благој Веселинов. Посочува дека во овие 60 години од ова случување тој оставарил над 100 посети.

„Го играм, за моја чест, насловниот лик Иванов и да кажам нешто повеќе за ликот е тоа дека Иванов е една дијагноза која што се провлекува низ времето и која што без разлика на тоа дека 140 години поминале од кога текстот е напишан до ден денес не многу работи се смениле така што не ми беше нешто многу тешко да разберам со кого тоа треба да имам работа“, вели Веселинов за Трн.

Истакнува дека за него награда е тоа што го игра Иванов на Чехов. Меѓутоа апелира за што побрзо создавање на функционална театарска сала за манифестации од ваков карактер да заблескаат во сиот свој сјај.

„Јас наградата за оваа претстава веќе ја имам добиено, ја играм насловната улога Иванов. Тоа за еден актер е и повеќе од награда. Желба ми е колегите сите заедно да се вратиме безбедно дома, заради карактерот на претставата и тоа е… Секако дека се осеќам дека сум награден и не не мислам дека една претстава треба да одлучува за кариерата на еден моторџија во Прилеп туку дека треба повеќе претстави да одлучуваат за неговата кариера, како се вика, професионалното тркање и на тој начин некако да можеме да дојдеме да створиме една генерална слика за сите кои што се учесници во оваа наша театарска уметност“, додава Веселинов.

Инаку во официјалната програма се 11 претстави на професионалните македонски театри и уште пет во придружната програма. Ќе има промоции, работилници, разговори на тркалезната маса за одиграните претстави, а за сцени ќе се користат уште неколку во градот.

И годинава тричленото жири е меѓународно и е во состав: д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

Автор: Дениз Абдула

Најново

Последни колумни