27. издание на Итернационалниот фестивал на монодрама во Битола

Во седумте фестивалски денови ќе гледаме претстави што отвораат прашања, предизвикуваат емоции и ја ставаат човечката приказна во центарот на сцената

Од 23 до 29 април, во Битола ќе се одржи 27. издание на Интернационален фестивал на монодрама.

„Битола повторно ќе стане светска театарска сцена каде еден актер е доволен за да создаде цел универзум од емоции, приказни и трансформации.

Официјалната програма е со внимателно избрани претстави од различни земји, уникатни актерски интерпретации и силни сценски исповеди кои го слават најчистиот облик на театарот – монодрамата.

Во текот на седум фестивалски денови ќе гледаме претстави што отвораат прашања, предизвикуваат емоции и ја ставаат човечката приказна во центарот на сцената“ велат организаторите.

Монодрамите ќе се играат во Центарот за култура а фестивалот ќе го отвори Тијана Дапчевиќ со монодрамата „Менопауза“ со почеток во 20.00 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни