Search

21-ви јуни- Меѓународен ден на јогата

Во 2014 година, Обединетите нации по иницијативата на индискиот премиер Нарендра Моди одлучија 21-ви јуни да го прогласат за Меѓународен ден на јогата.

Јогата е древна духовна и физичка практикa од кoja се имаат развиено различни стилови, кои се практикуваат низ целиот свет. Буквалниот превод на зборот јога е унија и тој во себе ја содржи самата суштина или крајната цел на јогата. Во своите рамки оваа дисциплина вклучува физичка, ментална и спиритуална праксa.

Јогата ги зголемува флексибилноста и силата, го зајакнува ‘рбетот, го одржува нервниот систем, ја подобрува циркулацијата, меморијата, фокусот и балансот, ја намалува тензијата во екстремитетите, го поттикнува имуниот систем, го зголемува капацитетот на белите дробови и го смирува умот.

Таа е совршена алатка за усовршување на личноста од многу аспекти.

Преку јога вежби, техники за дишење и медитација се пренесува јога филозофијата на живеење.

Јогата е повеќе од физичка дисциплина, таа има холистички пристап кон подобрување и на останатите аспекти од нашето постоење.

Најново

Последни колумни