Денеска рекорден број пожари, гори на 21 локација во Македонија

„Денеска имаме рекорден број на пожари за ова лето. Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите“ велат од ЦУК

Центарот за управување со кризи информира дека до 17 часот на територијата на Македонија има вкупно 21 пожар.

Пожари има во општините Македонски Брод, Желино, Студеничани, Прилеп, Новаци, Битола, Штип…

Во Скопје гори во општините Чаир, кај поликлиниката и во општина Ѓорче Петров кај железничката станица.

„Денеска имаме рекорден број на пожари за ова лето. Службите се максимално ангажирани на терен, со цел справување со пожарите, нивно локализирање и целосно гасење“ изјави директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Инаку, пожарот кај селото Морани кој се гаси и со три Ер трактори се уште е активен и истиот се шири кон непристапен терен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс