Во италијански национален парк пронајдени 18 мртви волци, се сомневаат на труење

Во Националниот парк Абруцо, Лацио и Молизе се пронајдени 18 мртви волци во рок од една недела, а властите и заштитниците на природата се сомневаат на намерно труење.

Во Националниот парк Абруцо, Лацио и Молизе во Италија, во рок од една недела се пронајдени 18 мртви волци, а властите и заштитниците на природата се сомневаат на намерно труење. Паралелно е отворена и кривична истрага, додека се чекаат лабораториските резултати што треба точно да ја утврдат причината за угинувањето.

Во последните денови, во три различни подрачја на паркот биле пронајдени уште осум мртви волци, со што вкупниот број се искачил на 18, откако претходно биле откриени уште 10 лешини. Покрај волците, биле пронајдени и три мртви лисици и еден јастреб, што дополнително ја засилува сомнежта дека станува збор за труење.

Од управата на паркот соопштија дека чувството е мешавина од очај и неверување, а случајот го опишуваат како исклучително тежок удар врз дивиот свет. Кривичната истрага е покрената откако чувари на паркот во близина на Алфедена откриле сомнителни отровни мамки во близина на пет мртви волци.

Случајот е особено чувствителен затоа што паркот е едно од клучните живеалишта на марсиканската кафеава мечка, критично загрозен подвид што живее во Апенините. Италијанскиот огранок на WWF го оцени овој случај како еден од најтешките злосторства против диви животни во земјата во последната деценија.

Во јавноста веќе се отвори и поширока дебата за односот кон волците во Европа. WWF Италија дел од одговорноста ја гледа и во минатогодишната одлука на Европската Унија со која статусот на волкот беше намален од „строго заштитен“ на „заштитен“, потег што, според организацијата, може да охрабри дополнителна агресија кон овој вид.

Италија денес има една од најголемите популации диви волци во ЕУ, но ловот на нив е забранет уште од 1970-тите, кога нивниот број бил драматично намален. Затоа и најновите случаи во Абруцо се доживуваат не само како локален инцидент, туку и како сериозен удар врз природното наследство на земјата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни