14 годишната Танчевска со уметност го афирмира македонскиот јазик

Создавањето на уметничките дела во проектот „ЛИКОВЕН АЗБУЧНИК“ од младата уметница Јана Танчевска ќе имаат за цел афирмација на македонскиот јазик како и културно уметничкото творештво на нашата земја.

„Во овој проект сакам да ја доловам магичноста и значењето на ова богатство – Македонскиот јазик составен од буквите и нивните форми доловени во посебен момент, со посебни бои на емоции и мисли“, вели 14 годишната уметница

Посочува дека барајќи ги буквите од македонската азбука и таму каде што на прв поглед не постојат создава сопствен уметнички израз кој претставува авторска синтеза помеѓу фотографијата, сликањето, дигиталната уметност и потенцирањето на мотивот.

За Тренчевска всушност, идејата, замислата и поттикнувањето на ваков, единствен и благороден проект, претставува и своевидна хуманистичка и инспиративна интонација за откривањето на нашиот егзистенцијален оптимизам во духовен смисол. Истакнува дека тоа не е само авторски предизвик туку дијалог преку ликовниот јазик, низ сите времиња на нашето опстојување: минати, сегашни и идни.

Учесници во проектот кои даваат огромен придонес и поддршка за негова реализација се уметниците Кети Талевска Бакревска како фотограф и Владо Ѓоревски како историчар на уметност.

Проектот е поддржан од Министерството за култура на Р.С Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс