120.000 сообраќајни прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ во првите пет месеци од воспоставувањето, информираше министерот за внатрепни работи Панче Тошковски.
„Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку камерите се регистрирани 120.000 прекршоци, од кои 95 проценти се за пречекорување на дозволената брзина“, рече Тошковски.
Камери од овој проект има во Скопје, Куманово и Тетово, како и на коридорите 8 и 10.
Тошковски најави дека до крајот на годинава проектот ќе биде целосно имплементиран низ целата држава, опфаќајќи ги поголемите градови и патни правци.