Утре 12. Издание на „Движи се за здравје“

Манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе се реализира по 12-ти пат на 22.09.2026 година, со почеток од 10.00 часот на Фонтана Лотус

Од 16 до 22 септември 2026 година започнува Европската недела на мобилност, каде ЈУ. Детски културен центар – Карпош традиционално ја дава својата поддршка преку реализација на манифестацијата „Движи се за здравје“.

Манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе се реализира по 12-ти пат на 22.09.2026 година, со почеток од 10.00 часот на Фонтана Лотус.

Целта на оваа манифестација е да потсетиме дека вежбањето е еден од главните фактори за правилен раст и развој на децата, како и за подобрување на моторичкиот развој уште од рана предучилишна возраст

На овој спортски настан учествуваат најмалите, децата од скопските градинки.

Преку вежбањето и движењата, децата ја откриваат брзината и вештината на поминување на поставените полигони, возењето велосипед, тротинет и други спортски активности кои ги подготвивме за нив.

Во реализацијата учествуваа и студенти од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс