Ѕвездата од „Опенхајмер“ откри дека го менува полот

Актерката Ема Думонт го промени полот и сега е транс машка небинарна личност и ќе се вика Ник.

Ѕвездата на филмот „Опенхајмер“ Ема Думонт реши да го промени полот и сега се претставува како транс маж и небинарна личност.

Ник Думонт веќе ги промени заменките на социјалните мрежи, па наместо „таа/неа“ ги додаде заменките „тие/ним“.

„Тие се идентификуваат како транс машка небинарна личност“ изјави нејзиниот претставник за јавноста за медиумите.

„Нивното работно име и понатмау ќе биде Ема Думон, но за пријателите и семејството тие се Ник“ додаде тој.

Думонт го промени и својот стил на облекување, па гламурот го замени со маички и очила за сонце.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни