Народниот театар Битола и Бабел ФАСТ – ново поглавје на меѓународната соработка

Народниот театар Битола и Бабел ФАСТ фестивалот од Романија потпишаа Меморандум за соработка.

Народниот театар Битола и Бабел ФАСТ фестивалот од Романија потпишаа Меморандум за соработка, кој претставува уште еден значаен чекор во меѓународното поврзување и афирмирање на Битолскиот театар.
Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, со што се отвораат нови можности за размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи.

Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека нашиот театар одамна ги надминал локалните и националните рамки.

„Големината на еден театар не се мери само според неговата историја и традиција, туку и според неговата способност да создава нови вредности, да воспоставува партнерства и да биде препознаен и почитуван на меѓународната театарска мапа“ велат од Народен театар Битола.


Тие додаваат дека продолжуваат да градат мостови, да отвораат нови хоризонти и да ја афирмираат Битола како град на театарот и културата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс