Search
Потребна е безбедна зона да се изгради за ентузијастите на екстремните спортови. Во овој момент стариот скејт парк на кеј е тотално бескорисен.

Зошто Град Скопје не се грижи за Скејт паркот на Кеј?

Фото Градска.мк
Ако не се обезбеди добар скејт парк нема да се размножат ваквите таленти во нашиот град

Изграден е пред 10-тина години како место за љубителите на адреналински спортови, скејт-паркот на Кеј  е првиот од ваков тип во Македонија и е целосно финансиран од страна на Град Скопје.

Фото Градска.мк

Паркот е изграден според сите стандарди, неговите димензии се 15 метри во ширина, 50 метри во должина. Во паркот има девет справи и локацијата беше оградена со ограда во задоволителна висина, исто така за вечерните часови беа поставени и рефлектори.

Фото Градска.мк

За жал скејт паркот денес е во многу лоша состојба, ишарани платформи со недолична содржина, има многу ѓубре, а реквизитите се прилично оштетени и изгледа запуштено и небезбедно.

Фото Градска.мк

– Овој парк беше преубав, доаѓавме често со децата, но сега се поретко бидејќи последниве две -три години има сериозни оштетувања и никој не се грижи да ги поправи искршените справи и е многу ризичен за воопшто било која активност, вели скопјанец за Градска.мк.

Фото Градска.мк

Дел од граѓаните кои ги затекнавме велат дека Град Скопје воопшто не се грижи за парковите и дека се разочарани од градските власти бидејќи и тоа што е изградено не се одржува соодветно, а камоли да се изгради нешто ново.

Извор: https://gradska.mk/

Најново

Последни колумни