Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази искрено и длабоко сочувство до семејството, колегите, пријателите и сите кои го познаваа и соработуваа со Лирим Хајредини.
Хајредини повеќе од 16 години ја извршуваше функцијата оперативен директор на телевизијата „Алсат“, каде што остави значаен професионален белег и придонес во медиумскиот сектор.
„Неговата професионалност, посветеност и придонес во медиумската заедница ќе останат запаметени“, порачаа од ЗНМ.
Лирим Хајредини утрово беше пронајден починат во близина на трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје.