Шест знаци според кои може да препознаете дека му се допаѓате на некој

Луѓето мислат дека успешно ја кријат привлечноста, но говорот на телото постојано ги издава, покажува психологијата.
Фото: Peter Morgan/Flickr

Луѓето можат да ги контролираат зборовите, но не и зениците, стапалата или темпото на говорот. Затоа психологијата издвојува шест знаци според кои може да препознаете дека му се допаѓате на некој, дури и кога тоа активно се обидува да го скрие, пишува Vice.

Психолозите го нарекуваат „ефект на камелеон”. Истражување од 1999 година покажало дека луѓето несвесно го имитираат држењето, гестикулацијата и однесувањето на луѓето кон кои чувствуваат привлеченост. Особено е интересно тоа што личноста чии движења се имитираат обично реагира позитивно, дури и без да знае зошто ѝ станува посимпатична другата личност.

Ако ги вкрстите нозете, тоа ќе го стори и личноста на која ѝ се допаѓате. Ако земете пијалак, ќе ве следи. Темпото на говорот несвесно се прилагодува кон вашето. Мозокот ова го прави автоматски, без свесна одлука, а долготрајното и доследно огледување скоро е невозможно да се глуми.

За да се забележи овој знак потребно е внимателно набљудување, но станува збор за реакција која практично не може свесно да се контролира. Истражување објавено во списанието Evolution and Human Behavior потврдило дека ширењето на зениците е доверлив, несвесен показател за сексуален интерес.

Студиите покажуваат дека испитаниците редовно ги оценуваат лицата со благо проширени зеници како попривлечни, иако не знаат да објаснат зошто. „Зеницата реагира многу брзо и тоа е несвесна реакција, затоа служи како потсвесен показател на сексуалност”, објаснува Герулф Ригер од Универзитетот Корнел, кој детално ги проучувал реакциите на зениците. Тој додава дека никој не се обидува свесно да ги рашири зениците, тоа едноставно се случува.

Скриената привлеченост ретко се покажува преку големи гестови. Многу е посуптилна и се гледа во детали: во порака за нешто сосема неважно, во „случајно” појавување на место каде ве очекуваат, или во инсистирање на внатрешни шеги кои веќе никому не му се смешни.

Кога ќе одговорите, личноста ќе се однесува лежерно, како ништо посебно да не се случува. Сепак, ја одава образецот на однесување. Една или две случајности не значат ништо, но ако некој постојано создава прилики за средба, тоа е јасен знак дека сака да биде во ваша близина и дека му е полесно тоа да го испланира отколку отворено да го признае.

Привлеченоста го активира симпатичкиот нервен систем, одговорен за реакцијата „бори се или бегај”. Последица е вртежот, несвесното средување облека или коса, зацрвенување и општ физички немир кој не може целосно да се потисне, без оглед на трудот да се остави впечаток на рамнодушност.

Клучно е, сепак, тоа однесување да се јавува конкретно во ваше друштво. Ако некој е општо нервозна личност, тоа е само дел од неговата природа. Но ако личноста инаку е опуштена, а во ваша близина се збунува, почне да пелтечи, постојано да ја допира косата или премногу гласно да се смее на безначајни работи, веројатно станува збор за потисната привлеченост.

Положбата на телото е еден од најдоверливите невербални сигнали за интерес, најмногу затоа што тешко може свесно да се контролира. Истражувањето на Алберт Мехрабијан покажало дека повеќе од 90 отсто од емоционалната комуникација е невербална. При тоа, еден од најочигледните знаци е насоката во која е свртено нечие тело, дури и во просторија полна луѓе.

Обрнете внимание на насоката на стапалата. Тие се потешки свесно да се контролираат отколку изразот на лицето, па затоа подоверливо го одаваат интересот отколку контактот со очи. Додека некој може да се извежба да задржи неутрален поглед, на положбата на стапалата ретко кој мисли.

Привлеченоста неизбежно поттикнува љубопитност. Истражувањата покажуваат дека луѓето сигнализираат интерес така што поставуваат отворени прашања, споделуваат лични информации и го насочуваат разговорот кон подлабоки теми. Целта не е собирање информации, туку едноставно продолжување на интеракцијата.

Кога некој, без очигледна причина, постојано ве прашува за детали од вашиот живот, тоа е јасен сигнал. Луѓето кои се само љубопитни поставуваат прашања. Личностите на кои им се допаѓате поставуваат допрашања, ги паметат вашите одговори и секогаш бараат уште.

е-Трн да боцка во твојот инбокс