Како да препознаете дека сте спремни за брак?

Во сериозна врска сте, ги запознавте семејствата и пријателите, можеби веќе живеете заедно, но останува прашањето дали и двајцата сте подготвени врската да ја кренете на повисоко ниво?

Психотерапевтката Моли Кандиб истакнува дека подготвеноста за брак произлегува од цврсти темели на доверба, взаемно почитување и заедничка посветеност. Според истражување на порталот The Knot, 74 отсто од испитаниците изјавиле дека знаеле дека се подготвени токму затоа што со партнерот отворено разговарале за брак и заедничка иднина. Друг важен знак е добриот однос со семејствата и пријателите на другиот, 47 отсто од испитаниците го препознале тоа како показател дека се подготвени.

Усогласеноста околу децата исто така игра клучна улога, 50 отсто од испитаниците знаеле дека се подготвени кога желбата на партнерот за деца, или недостатокот на таа желба, се поклопила со нивната.

Отворената комуникација е уште еден силен показател, 68 отсто изјавиле дека почнале да размислуваат за брак откако сфатиле дека можат лесно и без страв од осудување да разговараат за сè со партнерот. Начинот на решавање конфликти исто така е важен, добар знак е кога несогласувањата се решаваат со почит, без префрлување вина и со подготвеност за компромис од двете страни.

Околу 67 отсто како знак се подготвеност го препознале задоволството во сексот, а високо котираат и длабоката доверба и взаемната поддршка на личниот раст.

Финансиската усогласеност е уште една важна тема, ако сте разговарале и се согласиле околу финансиските цели и навики на трошење, тоа е добар показател.

На крајот, чувството на долгорочна посветеност останува можеби најважниот знак, 50 отсто од испитаниците почувствувале љубов рано во врската, а 44 отсто почнале заеднички да живеат, што укажува на желба за нешто повеќе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс