Државниот завод за статистика го објави последниот извештај за дејноста угостителство и туризам.
Според ДЗС, цените на ноќевањата кои во јули 2026 се зголемени за 6,7 проценти во однос на јули 2025.
Во однос пак на рестораните, цените и натаму бележат постојан раст.
„Цените на угостителските услуги во јули 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 3.2 %.
Цените на угостителските услуги во периодот јануари – jули 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 2.9 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 1.1 %.“ стои во соопштението на ДЗС.