Цената на златото денес се движи околу 129 евра за грам, додека една унца, односно 31,1 грам, се продава за околу 4.007 евра. Според најновите пазарни податоци, цената во текот на денот бележи мали осцилации, но останува на високо ниво.
Растот на цената на златото се поврзува со геополитичките тензии, инфлациските притисоци и зголемената побарувачка од централните банки и инвеститорите. Во услови на нестабилни финансиски пазари, златото повторно се гледа како сигурно засолниште за капиталот.
Аналитичарите очекуваат интересот за златото да остане силен и во наредниот период, особено ако продолжат глобалните економски и политички ризици. Дел од прогнозите на Волстрит веќе укажуваат дека цената може дополнително да расте доколку неизвесноста на пазарите продолжи.
Иако денес има благо движење надолу на дел од берзите, златото останува меѓу најбараните средства за заштита од инфлација, валутни ризици и геополитички шокови. Reuters објави дека цената е под влијание и на американските инфлациски податоци и очекувањата за идните потези на Федералните резерви.