Хроничниот недостаток на функционалност за чување ситници во женската гардероба ги принудува корисничките да бараат алтернативни решенија. Според истражувањето на брендот „Ехо фолс“ (Echo Falls) и трендовите на социјалната мрежа ТикТок, дури 73 отсто од анкетираните жени признаваат дека за време на излегување го носат мобилниот телефон во градникот бидејќи нивната облека едноставно нема доволно џебови.
Оваа навика не се однесува само на мобилните телефони. Податоците од истражувањето покажуваат дека жените редовно ги користат градниците и подлабоките делови од облеката за чување и други лични предмети.
Дури 64 проценти од испитаничките таму ги ставаат банкарските картички, 63 отсто ги чуваат личните карти, а 61 процент ги носат клучeвите. Дополнително, 51 отсто од жените го користат истиот простор за сјај за усни или кармин.
Појавата е широко застапена на социјалните мрежи каде што корисничките објавуваат видеа со ознаката GRWM (Get Ready With Me). Меѓу нив е и Јана Крејг од реалното шоу „Love Island USA“, која во едно од своите видеа покажа како ги пакува предметите пред излегување.
Британската поткастерка и водителка Џи Кеј Бери (GK Barry) објасни дека торбите често го нарушуваат изгледот на целата комбинација, поради што жените сакаат да излезат со слободни раце. Во соработка со неа, брендот креираше посебна маица наречена „Carry-All“ како сатиричен одговор на овој долгогодишен проблем во модната индустрија.