Земјотрес од 5 степени ја погоди источна Турција

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди провинцијата Малатија во источна Турција. Потресот бил почувствуван и во неколку соседни провинции.

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала рано изутринава ја погоди источната турска провинција Малатија, соопшти турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби, АФАД.

Според податоците на АФАД, земјотресот се случил во 6:20 часот по локално време, а епицентарот бил во округот Баталгази.

Потресот бил регистриран на длабочина од 15,59 километри.

Тресењето на тлото било почувствувано и во соседните провинции Елазиг, Адијаман, Тунџели и Шанлиурфа.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс