Земјотрес со магнитуда од 4 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар бил во Албанија, утрово беше почувствуван во Струга и околината. Потресот бил регистриран во 07:52 часот, а епицентарот се наоѓал на околу 144 километри југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Земјотресот бил регистриран во 07:52 часот. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот се наоѓал на околу 144 километри југозападно од главниот град, во Албанија. Локалната магнитуда изнесувала 4 степени според Рихтеровата скала.
Жителите на Струга и околината го почувствувале потресот со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, покажуваат досегашните податоци на Опсерваторијата. Граѓаните кои го почувствувале земјотресот се повикани да го пополнат прашалникот на интернет-страницата на Опсерваторијата или да се јават на бројот 112. Целта е собирање податоци за сеизмолошки истражувања.