Земјотрес од 3 степени го стресе Охрид

Потресот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга, а бил почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала утринава беше почувствуван во охридско-струшкиот регион, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот е регистриран во 5:36 часот, а според податоците на опсерваторијата, епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани–Охрид–Струга.

Потресот бил почувствуван од жителите на Охрид и Струга со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот е регистриран и од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, според кој епицентарот бил на околу 55 километри северно од Елбасан, во Албанија, и на 14 километри север-северозападно од Подградец.

Според ЕМСЦ, потресот бил на длабочина од 10 километри.

Од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ апелираат до граѓаните кои го почувствувале земјотресот да придонесат во сеизмолошките истражувања со пополнување на прашалникот за почувствуваност на нивната веб-страница или да се јават на бројот 112.

е-Трн да боцка во твојот инбокс