Џон Оливер – водителот на шоуто „Last Week Tonight“ ги запозна гледачите со десничарот – либертаријанец, Аргентинецот Хавиер Милеи, познат по тоа што мавта со моторни пили во јавноста.
Во најновата епизода од „Last Week Tonight with John Oliver “ на HBO, водителот своите најжестоки критики ги упати кон Хавиер Милеи кој е во центарот на вниманито откако го предизвика министерот за фанансии на Аргентина да се соочат на претстојните претседателски избори.
Водителот Оливер го претстави Милеи на американската публика преку клип од 2019 година во кој тој се појавува во костими, претставувајќи се себеси како „Генерал Анкап“, а Анкап е кратенка од анархо-капиталист.
John Oliver takes on Javier Milei, Oliver winspic.twitter.com/KDF6kRBtiq
— Uki Goñi (@ukigoni) October 31, 2023
„Да! Замислете го ова: класичен претседателски кандидат облечен како Mr.Peanut , облечен како волшебник, маскиран како Бетмен, ветувајќи дека ќе се соочи со кејнзијанците“,кажа Оливер. „Ако имав еден предлог за тој суперхерој, сепак, тоа е дека Џон Мејнард Кејнс веројатно не е највозбудливиот непријател. Малку економисти се. Има причина зошто Avengers го презедоа Танос, а не Алан Гринспен“.
Со оглед на тоа што Аргентина се соочува со висока инфлација и 40 отсто од нејзиното население живее во сиромаштија, Оливер откри дека Милеи предложил намалување на јавната потрошувачка за 15 отсто од БДП, елиминирање на повеќето даноци и замена на аргентинската валута за американскиот долар.
Милеи ги удираше моделите на централната банка во форма на пињата јавно на ТВ и во неговите предизборни видеа. Освен тоа тој мавташе со моторни пили во јавноста за да ја симболизира неговата желба да ја собори владата. Поддржувач на Милеи, облечен во костим со моторна пила, пред новинари изјавил дека не го гледа како значајно тоа што Милеи и неговите идеи се непроверени.
„Да не го прекршам моето единствено правило и да не се расправам со маскиран човек со моторна пила, но многу идеи не биле претходно тестирани“, возврати Оливер. „Ние, исто така, не сме пробале да ставиме трамболини во пензионерските домови или да дозволиме ракун да биде шеф на хирургија. Тоа е затоа што некои идеи се само лоши“.
Домаќинот на шоуто сугерираше дека можеби не треба да го довериме раководството на „третата по големина економија во Латинска Америка“ на некој што изгледа како да е изведен од панел на Comic-Con затоа што ја бомбардирал Скарлет Џонсон со премногу прашања.
Но, Оливер, исто така, истакна како Милеи гласно зборувал и за други теми за кои никој не барал негово мислење , вклучително и споделување детали за неговиот сексуален живот. Тој во ТВ интервју во 2018 година им кажа на повеќе жени дека ејакулира само еднаш на секои три месеци. „Целосно верувам дека момчето што го видовме како вреска по мртви економисти, крши минијатурни банки на ТВ и мавта со моторна пила по улиците може да биде малку – и жал ми е што ќе го кажам ова – неразумен “, рече Оливер.
Но, со толку многу Аргентинци кои се во економски очај, Оливер кажа дека се грижи дека може да го купат тоа што им го продава Милеи, дури и ако анархокапиталистите го отфрлија постоењето на климатските промени како социјалистичка лага, верува дека Доналд Трамп бил еден од најдобрите американски претседатели досега, и дури и го навредува папата Франциско, кој е Аргентинец.
„Чувствувам потреба да ви кажам дека не го измисливме овој човек за ова шоу“, се пошегува Оливер.