Во четврток и петок ќе се реализира ларвицидна дезинсекција – прскање против комарци во седум општини од Југоисточниот плански регион, соопштија од Центарот за развој на Југоистокот.Според најавениот распоред, во четврток активности ќе се спроведат во Радовиш (од 9 часот), Конче (од 12 часот) и Струмица (од 12 часот). Во петок прскањето продолжува во Валандово (од 9 часот), Василево (од 12 часот), Босилово (од 9 часот) и Ново Село (од 12 часот).
Од Центарот апелираат пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелните семејства, додека граѓаните се советуваат да избегнуваат движење во зоните каде што се врши третманот за време на прскањето. Доколку временските услови не дозволат реализација на активностите, прскањето ќе биде одложено и спроведено во следниот поволен термин.