Започна одгасување на Вардариште: се собираат гасови од 22 бунари, најавена трансформација во мега-парк

Започна одгасување на депонијата Вардариште со систем од 22 бунари за гасови. Проектот предвидува претворање на локацијата во мега-парк и нов мост во Скопје.

Започна процесот на одгасување на депонијата Вардариште, што претставува клучен чекор кон нејзиното целосно затворање и идната трансформација во современ урбан мега-парк. Информацијата ја соопшти Одделението за односи со јавноста на Град Скопје, по реакциите на граѓаните за повторно појавување чад од локацијата.

Во рамки на активностите, се спроведува систем за собирање на отпадните гасови преку 22 мапирани бунари. Од нив ќе се земаат примероци кои ќе бидат анализирани во сертифицирани лаборатории, со цел утврдување на нивниот состав и количина. Паралелно се одвива и темелно површинско чистење на просторот.

Според најавите, Вардариште треба да прерасне во зелен простор од околу 300.000 квадратни метри, наменет за рекреација, спорт и подобрување на квалитетот на животната средина. Во план е и изградба на нов мост кој ќе ги поврзе општините Гази Баба и Аеродром, со што ќе се подобри и сообраќајната поврзаност во градот.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни