Започна Sunny Hill фестивалот во Приштина

Основан од Дукаѓин Липа и номиниран за еден од 10-те најдобри фестивали во Европа, Sunny Hill фестивал привлекува меѓународна публика

Денеска започнува новото издание на Sunny Hill фестивалот во Приштина, Република Косово.

Како и секоја година, така и оваа, организаторите се потрудија да донесат светски познати музички имиња кои во трите фестивалски дена ќе понудат разновидна програма за десетици илјади посетители.

Главни ѕвезди на првата вечер се Katy Perry на Sunny Hill Stage и Seth Troxler не електронскиот C4 stage.

Претходно, косовско британската музчка ѕвезда Дуа Липа на социјалните мрежи објави дека веќе пристигнала во Приштина да го проследи фестивалот.

Основан од Дукаѓин Липа и номиниран за еден од 10-те најдобри фестивали во Европа, Sunny Hill фестивал привлекува меѓународна публика за настапи од светска класа во живиот главен град на Косово.

Програмата трае до недела, втори август а меѓу артистите што ќе настапат се и Мартин Герикс, Тајсон О’Брајан, Бланко, Манифест, Наутика, Лафазани и други.

е-Трн да боцка во твојот инбокс