Пожар вечерва избувнал во подземниот паркинг на КАМ мол во скопската населба Ѓорче Петров, по што посетителите биле евакуирани од објектот, објави „Вечер“.
Според првичните информации, се запалило возило во подземниот паркинг, а чадот почнал да се шири и низ вентилацискиот систем на трговскиот центар.
Очевидци сведочат дека автомобилите со полициска асистенција еден по еден го напуштаат паркингот, а на дел од нив се забележуваат траги од чад.
Пред трговскиот центар се собрани голем број граѓани, додека на терен се присутни противпожарни и полициски екипи.
Засега нема официјални информации за причината за пожарот, ниту потврда дали има повредени лица.
