Резултатите од првото истражување за менталното здравје на не хетеросексуалните лица во Хрватска покажаа дека 75% од испитаниците доживеале дискриминација, 65% од нив се плашеле од дискриминација од медицинскиот персонал, а 25% биле жртви на физички напади.
Обиди за самоубиство и самоубиствени мисли
„Овие податоци јасно ни кажуваат дека не хетеросексуалните луѓе во нашето општество не се чувствуваат безбедни, еднакви, почитувани и заштитени. Не треба да нè чуди што истражувањето укажува на различни видови на проблеми со менталното здравје кај оваа популација“, вели психологот Матеа Попов, вклучен во истражувањето.

Истражувањето покажало загрижувачки податоци, кои пред сè се поврзани со надворешни фактори на дискриминација и насилство кои ги наметнува општеството. Посебно загрижувачки податок, велат истражувачите, е дека повеќе од 15% од испитаните барем еднаш се обиделе да се самоубијат, додека 73% од луѓето имале самоубиствени мисли. На тој начин, општествениот стрес е поврзан со поизразена депресија, анксиозност и стрес, како и полоша емоционална, психолошка и социјална благосостојба и понизок квалитет на живот, а сето тоа значително влијае на сите аспекти на менталното здравје на ЛГБТИ луѓето.
Важноста на научно заснованите податоци
„Со оглед на тоа што други студии покажуваат дека околу 10% од светската популација ја сочинуваат ЛГБТИ луѓе, а овие информации можеме да ги примениме на хрватското население, се покажа дека нашето општество е исклучително ранливо во однос на менталното здравје и затоа би било неопходно да се овозможат поголеми капацитети за грижа за менталното здравје на таа ранлива популација“, рече Попов.
Планот и желбата на истражувачкиот тим е овие податоци да им служат на сите кои се занимаваат со ЛГБТИ популацијата и истражувањата поврзани со оваа тема, на кој било начин.

„Исклучително е важно во морето лажни информации и намерно проширени политички манипулирани извртени тези да имаме научно проверени факти кога се зборува за ЛГБТИ прашања“, додава Попов.
Бидејќи истражувањето го испитуваше влијанието на сексуалната ориентација врз менталното здравје и општествениот стрес, еден од плановите на истражувачкиот тим е да го истражи влијанието на родовиот идентитет врз менталното здравје и стресот на малцинствата во идните истражувања.
„Сметаме дека трансродовите лица се социјално загрозени на многу начини и дека е исклучително важно да ги имаме овие податоци. Исто така, се надеваме дека ќе го повториме ова истражување за неколку години за да видиме какви било промени“, заклучи Матеа Попов.

Истражувачите велат дека за жал, ваквите резултати од истражувањето во Хрватска ги потврдуваат и низа странски анализи кои потврдуваат дека ЛГБТИ луѓето имаат два до десет пати поголеми шанси да имаат проблеми со менталното здравје во текот на нивниот живот, особено со анксиозност, депресија и зависности, а стапката на самоубиства кај оваа популација е неколку пати поголема.
Тимот на експерти кои биле вклучени во истражувачкиот процес дошле до идеја да се фокусираат на тематиката, бидејќи во Хрватска не постоело истражување за менталното здравје или општествениот стрес на кој се изложени ЛГБТИ луѓето. Врз основа на резултатите сакале да разберат како општествениот стрес влијае врз психолошката благосостојба на не хетеросексуалните луѓе и да ја утврдати состојбата на менталното здравје на овие лица во Хрватска.
Инаку ова е прво истражување од ваков вид, кое опфати најголем број ЛГБТИ лица во нашиот регион, спроведено на над 1.600 испитаници. Истражувањето го спроведе здружението „Виножито семејство“ со психолозите Мирта Блажев, Матеа Попов и Паола Лагиња со помош на Клара Јурановиќ и Леонарда Лончариќ.