Во Загреб одземен електричен тротинет кој развива 80 километри на час

Полицијата во Загреб при засилен надзор на возачите на електрични тротинети, мопеди, мотоцикли и други лични превозни средства открила низа прекршоци, но и „надградени“ тротинети.

За време на надзорот, полицијата утврди низа прекршоци. Издадени се 13 известувања за сторен прекршок, два задолжителни прекршочни налози за најтешките форми на прекршување на сообраќајните прописи, и седум писмени предупредувања.

Полицијата објави и снимка на која се гледа како еден од електричните тротинети може да развие брзина до 79 километри на час. Од полицијата наведуваат дека резултатите од акцијата покажуваат дека дел од возачите на електрични тротинети свесно продолжуваат да ги прекршуваат сообраќајните прописи, со што ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот, особено пешаците во пешачките зони.

Полицијата посебно ги проверуваше техничките карактеристики на уредите. Привремено се одземени два електрични тротинети кои можеле да развијат брзина поголема од 25 километри на час, додека моќноста на нивните електромотори била поголема од 0,6 киловати. Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ваквите тротинети не можат да се сметаат за лични превозни средства, туку се категоризираат како превозни средства на кои им е строго забрането движењето по површини наменети за возила и пешаци.

е-Трн да боцка во твојот инбокс