Втор уписен рок за средно: Остануваат речиси 12.000 слободни места низ државата

Учениците кои не обезбедија место во првиот уписен круг ќе можат повторно да аплицираат на 23 јуни. Во средните училишта низ Македонија остануваат слободни 11.882 места за учебната 2026/2027 година.

Учениците кои не успеаја да се запишат во првиот уписен рок ќе имаат нова можност веќе на 23 јуни. Министерството за образование и наука соопшти дека во средните училишта низ државата остануваат слободни 11.882 места.

По завршувањето на првиот уписен рок за учебната 2026/2027 година, Министерството за образование и наука (МОН) објави дека второто електронско пријавување за упис во средните училишта ќе се реализира на 23 јуни

Според официјалните податоци, во првиот рок успешно се запишале 13.397 ученици, додека преку електронскиот систем аплицирале вкупно 15.075 деветтоодделенци. Најголем интерес и годинава има за стручните училишта, каде се запишале 8.910 ученици, додека во гимназиското образование се запишани 4.278 ученици.

Во повеќе училишта конкурсот веќе е затворен поради пополнување на слободните места, меѓу кои се и неколку познати гимназии во Скопје и во другите градови низ државата. Во дел од училиштата ќе се организира и квалификациско тестирање за кандидатите со идентичен број бодови.

За учениците кои не успеале да обезбедат место во првиот круг, второто пријавување претставува нова можност за запишување. Електронското аплицирање ќе се врши на 23 јуни, додека доставувањето на потребната документација до училиштата е предвидено за 24 јуни. Конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 25 јуни до 12 часот

МОН апелира учениците внимателно да ги следат објавите на училиштата и да ги почитуваат роковите за доставување на документацијата, со цел успешно завршување на уписната постапка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс