Денеска времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на моменти и засилен ветер од северен правец, кој на одредени места ќе достигнува брзина над 60 километри на час.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени, додека дневните температури ќе достигнат од 11 до 20 степени, во зависност од регионот.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб дожд. Ќе дува умерен северен ветер, кој во делови од котлината повремено ќе засилува.
Утре, на 3 мај, времето останува променливо облачно, со слаби врнежи од дожд во југозападните делови. Минималната температура ќе биде од -2 до 7 степени, а максималната од 13 до 22 степени.