Мајка и дете загинаа во сообраќајна несреќа на патот Лалиќ – Оџаци, кога воз удрил во автомобил, пренесува Н1 Србија.
Во патничкото возило биле жена родена во 1999 година и дете родено во 2023 година, неофицијално дознава Н1.
Несреќата се случила утрово околу девет часот, а сообраќајот на овој дел е во прекин.
Сцените од местото на несреќата покажуваат дека по ударот возот го туркал автомобилот речиси 200 метри по пругата, а дел од распарчениот автомобил останал заглавен под самата локомотива.
Засега, се уште не се познати причините за несреќата.