Волк чуван во несоодветни услови избегал и бил пронајден во населба во Скопје, по што следела брза интервенција на надлежните служби. Случајот е објавен од Тина Мицковска, активискта вработена во ЗОО која на својот ФБ профил напиша дека животното било пронајдено исплашено пред нејзината зграда, со каивче и синџир на себе, и дека било мирно при контакт.
По дојавата, интервенирале екипи на Министерство за внатрешни работи, како и претставници на Град Скопје, а во акцијата бил вклучен и надлежен тим кој помогнал во заловувањето на животното. Волкот бил безбедно пренесен во Зоолошка градина Скопје, каде што ќе биде ставен во карантин и понатаму згрижен од стручниот тим.
Според информациите, животното било чувано како миленик, што претставува прекршување на правилата, бидејќи волците се диви животни и не смеат да се држат во домашни услови.Случајот повторно го отвора прашањето за нелегално чување диви животни во урбани средини и ризиците што таквата практика ги носи и за животните и за граѓаните.
Иако ситуацијата завршила без последици, надлежните апелираат дека ваквите практики се забранети и опасни.