Водата во водоводот во Гостивар е безбедна за пиење, соопшти Главниот штаб за управување со кризи.
Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи.
Ова доаѓа по последните добиени резултати потврдуваат дека водата е миркобилошки и бактериолошки исправна.
„Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“ изјави попладнево директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Водата во Гостивар пет недели беше забранета за пиење поради појава на бактерии откако фекална вода се измеша со водата за пиење.
За целиот случај истрага отвори и надлежното обвинителство, по што уапсени и притвирени се директорката и двајца раководители во ЈП „Комуналец“ од Гостивар.