Новата учебна 2026/2027 година почнува на 14 септември, со нови нови правила, со кои ќе ученците бидат запознаени на првиот училишен ден и кои треба строго да ги почитуваат, објави денеска Министерството за образование на Албанија.
Во секое одделение, учениците ќе бидат запознаени со безбедносните правила, училишниот кодекс на облекување, забраната за употреба на мобилни телефони и нездрава храна, меѓусебното почитување и соживотот во училишната заедница.
„Информирањето и ориентацијата на учениците ја вршат сите членови на персоналот на образовната институција, вклучувајќи ги наставниците од сите предмети, психосоцијалната служба, службениците за обезбедување и другите вработени во институцијата. Секој член на персоналот придонесува за зајакнување на запознавањето, разбирањето и спроведувањето на правилата од страна на учениците“, се наведува во упатството кое ќе биде доствено до сите училишта од основното и средното образование.
Во упатството е додаден нов член за проценка и управување со ризик во училиштата. Локалните образовни канцеларии се задолжени за назначување координатори за ризик и составување регистри на ризик, каде што училиштата ќе бидат класифицирани според нивоата на ризик. Во дел од училиштата се поставени и безбедносни камери.
Проценката ќе се спроведе преку докази, анкети и физички набљудувања на секоја институција. Понатаму, раководителите на училиштата мора да преземат мерки за намалување и елиминирање на ризиците и да се координираат со општината, полицијата и здравствените служби за ризици надвор од надлежноста на училиштата.