Во Штип манифестација „Во чест на поетот” посветена на Ацо Шопов

Настанот е посветен на животот и творештвото на Ацо Шопов еден од најзначајните македонски поети

Во организација на НУЦК „Ацо Шопов” – Штип, на 22 април (среда) со почеток во 12:00 часот, во Спомен собата на установата, ќе се одржи манифестацијата „Во чест на поетот”, посветена на Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт.

Настанот е посветен на животот и творештвото на еден од најзначајните македонски поети и има за цел да придонесе кон негување и афирмација на неговото литературно наследство.

Во рамки на манифестацијата ќе бидат доделени признанија за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов на Божин Павловски, како и на ревијата за литература, култура и уметност „Стожер” при Друштвото на писателите на Македонија.

Проектот е целосно финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни