Книгата собира текстови во кои Перчинков пишува за создавањето уметничко дело, односот меѓу уметноста и политиката и уметноста како истражување и саморефлексија.
Повеќе авторски текстови на Перчинков, кои се занимаваат со клучни теми и прашања што го засегаат процесот на творештвото — односот меѓу уметноста и политиката, уметноста сфатена како истражување, како саморефлексија и себепрепознавање, па сè до убавината на самиот чин на создавање. Некои од овие текстови се претходно објавени, но за оваа пригода се ревидирани и повторно претставени во нов контекст.
Во публикацијата се вклучени и пет досега необјавени поетски текстови, како и дел од неговиот „Имагинарен музеј“ со 22 репродукции од личната документација на уметникот. Уредници на изданието се Владимир Јанчевски и Благоја Варошанец.