Во Италија годинава се регистрирани 432 случаи на вирусот на Западен Нил, а досега починале 17 лица, соопшти Италијанскиот институт за јавно здравје. Податоците се однесуваат на периодот од почетокот на годината до 26 август. Само во последната недела биле потврдени 80 нови случаи.
Од вкупниот број заболени, кај 223 лица вирусот предизвикал невроинвазивна форма на болеста, односно зафатен бил централниот нервен систем, со појава на состојби како менингитис или енцефалитис. Смртноста меѓу регистрираните случаи изнесува 7,2 проценти, што сепак е пониско ниво во споредба со истиот период минатата година.
Вирусот на Западен Нил најчесто се пренесува преку убоди од заразени комарци. Кај дел од заразените може да помине без симптоми или со блага клиничка слика, но во поретки случаи може да предизвика сериозни невролошки компликации.
Извор: ТАНЈУГ