Во Франција спречен напад врз синагога, уапсени шест лица

Обвинителството во Франција тврди дека планираниот напад на синагогата бил поврзан со исламски екстремизам
Фото: Chabe01, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Шест лица се во притвор и се очекува наскоро да бидат обвинети за осуетениот напад врз синагога во париското предградие Сарсел. Францускиот обвинител за антитерористичка политика потврди во саботата дека нападот бил планиран за почетокот на овој месец, објави Ројтерс .

Апсења по евакуацијата

Осомничените, чии идентитети не се објавени, беа уапсени откако околу 300 луѓе беа евакуирани од Сарсел на 12 јули. Евакуацијата беше спроведена бидејќи во близина на синагогата беше откриено сомнително возило.

Врска со екстремизам

Обвинителството тврди дека планираниот напад е поврзан со исламски екстремизам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс