Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашуваме граѓаните: Дали должината е битна? Се разбира, во контекст на Скопскиот маратон: – „Да, што повеќе трчаш, тоа си подобар“, „Должината, не многу, поише техниката“ – „Мислев на скопскиот Wizz Air маратон“ – вели Дениз. „А…, битна е должината… дали е пола или цел, битно е“. Погледнете кога скопјани и скопјанки трчале последен пат и колку истрчале.
Ги прашавме граѓаните и дали ќе се пријават на годинешниот Скопски маратон: „Да веќе сум пријавен, на полумаратон ќе трчаме“, „Пријавена сум веќе, на 10км, за да си го подобррам рекордот“, „Да, во план сум, ама сеуште не сум сигурен дали полумаратон или маратон“, „Веќе сме пријавени од цела компанија, десет луѓе, трчаме две штафети…“.
А еве што најмногу им се допаѓа на граѓаните Скопскиот Wizz Air маратон? – „Многу ми се допаѓа можноста да се натпреварувам со себеси“, „Искрено, организацијата, одлична како и секоја година…“, „Дека луѓе трчаат“, „Добрата енергија низ луѓето, сите се ентузијастични“, „Енергијата, додека се трча, е прекрасна“, „Народот како е сплотен, како сите одат кон една цел, нема толку коли низ Скопјево, тоа е најдобрата работа не е битно кој е прв…“.
Прашавме и – „Дали знаеш од каде доаѓа зборот Маратон и зошто се трчаат баш 42 км?“ – „Бидејќи некој борец трчал 42км, за да пренесе некоја информација, дека победиле или изгубиле во некоја битка…“, „Има место Маратон во Античка Грција…“.