Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме велосипедистите: „Како е животот на точак, и дали е безбедно да се вози точак во Скопје?“ – „Би бил многу убав кога би се чувствувале сите побезбедно… Некако, не многу се води грижа за тоа кој каде се движи“, „Најмногу што ми смета и пешаци на патека си одат“, „Не е, бидејќи 90% од возачите на автомобили се неписмени…“, „Има одделни делови каде што не е лесно да се вози точак…“, „Не е баш безбеден, затоа што нема доволно добри велосипедски патеки, нема секаде велосипедски патеки… некаде се поклапаат со автобуски, што е многу лошо…“.
А еве што велат велосипедистите на прашањето: „Дали наидуваш на препреки на велосипедските патеки?“ – „Да, има доста препреки, паркирани коли, посебно накај Чаир…“, „Паркирани возила, мотоциклисти кои што возат забрзано, меѓутоа, и пешаци има“, „бандери, ѓубре, контејнери…“. На потпрашањето: Кој треба да го реши тоа, граѓаните велат: „Е, па градот“, „полицијата највеќе, и државата, ама мислам дека не се трудат доволно“, „Се знае, владата“.
Прашавме и „Кој е најнекултурен во сообраќајот – пешаците, возачите, тротинетџиите, точкаџиите?“
– „Во секоја од тие групи има по некој човек којшто нема елементарна култура“, „На прво место би ставил тротинетџиите, а после пешаците“, „Ваљда тие што се на тротинет или на мотори…“, „Мислам дека возачите, на пешачки не внимаваат доволно, на семафори, најчесто се на телефони“, „Тротинетџиите знаат да одат кај што ќе им текне, ко да не се дел од сообраќајот…“, „Кај сите има стварно ужасни, свесноста на крајот на денот е тоа што е најважно“.