Во најновата анкета на „Внимание“ ги прашавме младите – Што значи за тебе самостоен и млад дечко? Еве што ни кажаа: „Самостоен и млад дечко за мене значи џентлмен. Некој што може да се издржи сам себеси, а покрај себеси и партнер/ка,“; „Да биде сигурен во себе… да не се ослонува на неговите родители“, „Тој што е стабилен…“, „Поголем дел од работите сам да си ги правиш, и сам да си се финансираш, да работиш, да возиш кола…“.
Се чини дека младите добро знаат што е значи и „син на мама“. Тоа е “мамина маза“, „залепен за својата мајка на постари години“, „Мамините синови се најчесто многу поразгалени, полигави се така…“, „Ама сум син на мама, тоа е убава работа, за кого како.“
Ги прашавме и девојките – „Дали сакаш да запознаеш еден син на мама?“ Никоја немаше против да се запознае со авторот на хитот „Син на мама“ – Young Dady, па ниту Лидија! На прашањето дали си стварно син на мама, Young Dady вели: „Сум, значи има еден момент, ти си своеглав и мајка ти ќе ти каже нешто, почнува тука нешто да ти работи, некоја сила овде“.
Ако сакате да дознаете дали Young Dady секогаш ја слуша мајка му, погледнете ја најновата анкета на „Внимание“.