Внимание: Како се ловат риби во парк, што прво би кажале клупите?

Во најновата анкета на „Внимание“, ги прашуваме рекреативците во градскиот парк во Скопје: „Како се ловат риби во парк?“ – „Има и на суво, и на вода, кој за што е дојден“, „Со кучиња, да имаш куче треба, треба милениче да имаш“, „јас со фати-пушти би ловела“, „Јас би ловел со трска…“, „Риби нема, ама ѓубре има“.

На прашањето, „Доколку ти би бил парконачалник, што прво би забранил – дување во паркот, фрлање ѓубре во паркот, или гласна музика?“ – граѓаните немaат дилема: „Фрлање ѓубре во паркот – дефинитивно“, „Да се крене свесноста кај граѓаните, да си го собираат ѓубрето откако ќе дојдат во парк“, „Приметивме сега со камерманот, дека нема ниедна канта за ѓубре луѓе, ова е ненормално“, се поентира во анкетата.

Еве што ни одговорија рекреативците на прашањето „Ако би можеле да прозборат клупиве во парк, што прво би кажале?“ – „Колку сељаци има во паркот!“, „Толку народ, а едно WC нема, значи, без WC-ња јавни, парк не може да има“, „Како би можел да си одам од овдека?“, „Non verbal activity ќе е – „Уууу, аааа“, „Доста ми повраќаш, бе, леле, аман“, „Уживајте, уживајте во природата“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни