Публиката jа очекува вечер посветена на македонската песна, исполнета со многу музика, емоции и внимателно подготвена сценска продукциja. Влатко Миладиноски ќе настапи во придружба на оркестарот на Златко Миладиноски, составен од 30 музичари, кои ќе му дадат посебна сила и раскош на концертот.
Концертната вечер ќе биде збогатена и со настапите на специjaлните гости Спасен Сиljaноски, Дамjaн Стоjaноски и Дарко Стоjaноски. Покраj нив, на сцената ќе настапат и македонски уметници од Егejска Македониja, чии имиња засега се чуваат во таjност и кои ќе бидат вистинско изненадуvawe за публиката.
„Хераклeja”, како еден од наjзначajните културно-историски локалитети во Македониja, ќе биде совршена сцена за концертна вечер што ги обединува традициjaта, македонскиот мелос и современата музичка продукциja.
Интересот кај публиката е голем, а билетите се во завршна фаза на продажба, поради што организаторите ги повикуваат сите заинтересирани навреме да го обезбедат своето место. Билетите се достапни преку www.mktickets.mk, како и на физичките продажни места Tobacco Brothers во Битола и Т.А. Бран во Прилеп.
На 29 јули македонската песна ќе одекне во „Хераклеja”, а Битола ќе биде домаќин на вечер исполнета со музика, традициja и незаборавни емоции.