Многумина неодамна открија дека вистинското име на една од најпознатите ТВ водителки во светот, Опра Винфри, всушност не е Опра – туку Орпа (Orpah).
Информацијата излезе на површина за време на гостувањето на Винфри во подкастот на актерката Кеке Палмер, каде што таа објасни дека нејзиното име потекнува од библиски лик од Книгата на Рут.
„Името доаѓа од ликот Орпа. Но, луѓето не знаеја како да го изговараат, па почнаа да ме викаат Опра“, објасни Винфри.
Таа додаде дека иако на нејзиниот извод од раѓање стои Орпа, со текот на времето погрешниот изговор станал нејзин препознатлив идентитет.
Винфри открила дека дури во дваесеттите години сфатила дека нејзиното име со години било погрешно изговарано, но до тогаш веќе било предоцна да се промени.
Интересно е што и нејзината домаќинка, Кеке Палмер, не го користи своето вистинско име во јавноста – нејзиното полно име е Лорен Кејана Палмер.