Викендов топлотен бран во Македонија: Температури до 39°C и многу висок УВ индекс

Територијата на Македонија за време на претстојниот викенд (сабота и недела, 27 и 28 јуни) ќе биде под влијание на стабилна, сува и многу топла воздушна маса која пристигнува од југ, односно од Африка. Ова ќе услови претежно сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен и североисточен правец.

Во попладневните часови постои мала можност за изолирани краткотрајни врнежи и грмежи, но без значајни временски појави. И во Скопје и околината се очекува слично време – сончево, многу топло и со слаб до умерен ветер.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека дневните ќе достигнуваат од 30 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје, утринските температури ќе бидат околу 19 степени, а дневните до околу 37 степени.

УВ индексот викендов ќе има многу висока вредност – околу 9, што претставува зголемен ризик за изложување на сонце.Поради тоа, се препорачува граѓаните, особено повозрасните лица, да избегнуваат подолг престој на сонце во периодот од 10 до 17 часот, како и да внесуваат доволно течности и да се заштитат од жештините.

е-Трн да боцка во твојот инбокс