Викендов, на 20 и 21 јуни во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце ќе се одржи шестото издание на фестивалот „Пикник у Пелинце“
„Ќе имаме два дена исполнети со музика, забава и вистински летен вајб“ ветуваат организаторите на фестивалот.
Во дводневната програма закажани се настапи на повеќе артисти. Меѓу нив е и ветскиот виртуоз зад диџеј пултот, лондонскиот суперстар диџеј и продуцент JAMES ZABIELA, кој за првпат ќе настапи во Пелинце.
Покрај него ќе настапат и Flooder, Darija, Cobe, Ivan D, Bazel и многу други.
Дводневен билет чини 500 денари, а сите останати информации можете да ги најдете на официјалниот сајт