Викендов низ државата уапсени 34 возачи

Од уапсените возачи, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол
Фото: Илустрација, МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на изминатиот викенд (31.07–02/03.08.2026), на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле 34 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 23 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, девет лица управувале под дејство на алкохол, едно лице управувало нерегистрирано возило и без возачка дозвола, а едно лице управувало без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи апелира сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат моторно возило без возачка дозвола, доколку имаат изречена мерка за забрана за управување, ниту под дејство на алкохол

е-Трн да боцка во твојот инбокс