Вечерва во КОТУР, отворање на „Со сите наши чворови“ – изложба на Крсто Глигоријадис

Крсто Глигорјадис е мултидисциплинарен уметник кој во својата пракса ги истражува темите за машкост, телесност и идентитет

Вечерва, со почеток од 20 часот во КОТУР ќе се отвори изложбата „Со сите наши чворови“ – изложба на Крсто Глигорјадис, чија кураторка е Наде Циева.

„Оваа изложба се надоврзува на делото „Распарчено тело“ на Глигорјадис, со тоа што ја материјализира метафичката и телесна траума преку визуелно и тактично доживување. Овие дела ја отсликуваат релацијата на телото со духот во потполност, прикажуваќи ја нивната спона, како и резултатот на
нивното оттуѓување.“ велат организаторите.

Крсто Глигорјадис е мултидисциплинарен уметник кој во својата пракса ги истражува темите за машкост, телесност и идентитет преку темелна анализа на нивната историја од денешна гледна точка.

Неговиот истражувачки и креативен процес е интроспективен чијшто производ е анахрони и полисемични дела кои се темелат на побивање на општествените норми и очекувања.

Делата на Глигорјадис и овозможуваат на публиката да се сретне со сопствените, скриени инхибиции преку чин, ритуал на соочување и константно преиспитување на истите. Овој ритуал на самооткривање вон општествените и временски рамки има цел на ослободување преку одмотување на чворовите

е-Трн да боцка во твојот инбокс