Девет компании, пет понеделници во текот на месец Ноември. Денес во 18 часот во скопскиот бар Roosty почнува втората сезона на Корпоративната Паб Квиз Лига. Тимови од Consultants, Синдикатот на контрола на летање, ATU Free Shop, Vivax, Рептил Маркети, Фарма Трејд, MEY Energy, Aspekt и Триглав Осигурување ќе се натпреваруваат пет понеделници по ред. Лигата ја организира The Pub Quiz by Afterwork, а ја поддржуваат Korpa.mk, My Time, Paulaner и Винарија Тиквеш.
Зошто лига од пет вечери
Идејата за лигата дојде од секојдневната работа на Afterwork. Компанијата организира тимбилдинзи, корпоративни настани и деловни патувања, и знае како обично изгледа годишното дружење на една фирма. Се резервира ресторан, се држи здравица, и до понеделник сите заборавиле дека биле таму.
Лигата трае пет вечери. Поените се собираат од коло во коло, табелата се менува секој понеделник, а тимот што бил трет има причина да се врати и да се бори за првото место.
Концептот е комплетно offline, a eдно правило не се менува. Телефоните и паметните часовници одат во кутија на средина на масата и стојат таму до крајот на вечерта. Прашањата ги чита водител, тимовите пишуваат одговори на хартија, а судиите ги собираат листовите по секоја рунда. Секоја компанија игра со тим од три до шест луѓе. Ако во фирмата има повеќе заинтересирани, може да праќа различни колеги на различни кола.
Повеќе од половина од прашањата и музиката се поврзани со Македонија. Посебен дел се музичките рунди. Водителот чита стихови од позната песна како да е поезија, а масите треба да ја препознаат. Во друга рунда песната запира и тимовите го пишуваат следниот стих.
Од Лигата на шампиони до квиз за деца
The Pub Quiz е на скопската сцена од месец Февруари оваа година кога и се одржа првото корпоративно првенство. Потоа следуваа тематски вечери за Италија под наслов „Кумот, калчето и еспресото“, за Велика Британија и за 90-тите, „Распуст Quiz“ во јуни и уште десетина други квизови.
По летниот одмор, на 14 септември се одржа „Back to Quiz“, со поднаслов „Антидепресив после годишен одмор“. Категориите таа вечер беа Лига на шампиони, Астал, Благо против солено, Скопски приказни, Весела математика и Пепи Бафтировски. Во септември почна и Kids Quiz за деца од 9 до 12 години, со две изданија во Roosty Kids и во Среќа Бар.
Ист водител, пократка сезона
Сите кола и оваа сезона ги води квизмастерот Филип, кој ја водеше и целата прва сезона.
„Секое прашање го пишуваме специјално за лигата, па одговорите нема да ги најдете на Google. Јас ќе ја водам секоја вечер, а тимовите треба само да дојдат“, вели Филип.
Колата се на 2, 9, 16, 23 и 30 ноември, секогаш во понеделник во 18 часот во Roosty. Секоја вечер трае два до три часа. По секое коло организаторот објавува табела, фотографии и видео, а на финалето се прогласуваат првите три тима и се објавува целата сезонска табела.
Партнери на The Pub Quiz се Roosty, Matchmaker Marketer и Македонската квиз асоцијација.
За Afterwork е скопска компанија за организација на корпоративни настани. Работи тимбилдинзи, корпоративни забави, деловни патувања, ретрити, обуки и корпоративни подароци. The Pub Quiz е нивниот формат за квиз вечери, со отворени, тематски, детски и корпоративни квизови.
