Вчера, пред проекцијата на филмот „Устав на Република Хрватска“ на режисерот Рајко Грлиќ, во Кинотека се одржа разговор меѓу Мајк Дауни и Сашо Прокопиев.
Во разговорот, Дауни зборуваше за своите книги и филмови, за луѓето со кои соработувал и за приказните што продолжуваат да живеат и надвор од филмското платно и страниците на книгите.
Особено емотивен беше моментот кога се присети на прерано починатиот актер Небојша Глоговац, кого го нарече „титан“. Дауни сподели дека при нивната последна средба Глоговац му рекол:
„Мајк, времето е непријател.“
Вечерта продолжи со проекцијата на „Устав на Република Хрватска“, филм на Рајко Грлиќ во кој Дауни е продуцент.
Настанот беше реализиран со поддршка на Кinoteka.mk, во рамките на програмата на „ПРО-ЗА Балкан“.